Актуелно

Временска прогноза за четврток


На самиот почеток на четврток, како што може да се види од насловната сателитска слика, над Македонија ќе помине атмосферски фронт кој ќе за зголеми облачноста, но само во текот ситните саати од од овој 16 март.

Веќе рано претпладне облачноста значително ќе се намали, а во процесот на истуркување на споменатиот фронт од нашата територија ќе помогне и ветерот од север. По ова, следува воспоставување на антициклонско поле, кој ќе ни обезбеди претежно сончево време во текот на денот.

Ветерот ќе биде најизразен во повардарскиот и овчеполскиот крај. Истиот ќе стине доцна попладне.

Утрото, уште едно од серијата на свежи утра, но малку потополо во однос на среда. Минималната ќе во дијапазонот од 3 до 8 степени.

Максималната температура ќе има вредност  помеѓу 10 и 13 степени низ котлините во северниот и западниот крај. Потопло ќе биде во југоисточниот регион, помеѓу 13 и 16 степени. На повисоките места во источниот крај максималната нема да надмине 9 степени.

Скопскиот крај очекува мала облачност во текот на денот. Само рано наутро ќе биде пооблачно. Температурата ќе има минимална вредност околу 5, а максимална до 13.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top