Вратете се во форма со помош на седумминутен интензивен тренинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доколку на почетокот од годината решивте да го обликувате телото и подобрите кондицијата, сигурно се прашувате колку често треба да вежбате за да видите резултати.

Инструкторот по фитнес Крис Џордан вели дека вежбањето мора да биде редовна навика за да може да се видат вистински резултати. Неговата фитнес рутина трае 7 минути, а Џордан тврди дека тренингот со висок интензитет во краток интервал е добар за здравјето и ги намалува шансите за префорсирање. Овој тренинг треба да се прави 3 до 5 пати неделно.

Вежбите кои ги вклучува овој тренинг не бараат никаква додатна опрема се: скокови, чучњеви, склекови, стомачни и исчекор. Вежбите кои траат по 30 секунди, се изведуваат со ред, без пауза.

 

Теоријата на Џордан е многу попууларна овој месец, а ја прифатија и многу други фитнес тренери.