ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Со автомобил влетал во толпа на луѓе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на автомобилот влетал во пешаци на познатата плажа Копакабана во Бразил, по што загинало осуммесечно бебе и најмалку 15 луѓе се повредени.

Сведоците на инцидентот опишуваат „мал црн автомобил прелета преку велосипедската патека и влета во толпата која шеташе покрај познатата плажа во Рио де Женеиро“.

На интернет е објавена вознемирувачка снимка од ицидентот, која прикажува повредени луѓе и искршен автомобил. Возачот е приведен и рекол во полиција дека имал епилиптичен напад, а во возилото се пронајдени лекови против истото.