Возењето ваму е играње со смртта: Овие се најопасните патишта на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу луѓе обожаваат долги возења со автомобил, особено ако се возат по патишта опкружени со прекрасни пејзажи.

Сепак, на светот постојат толку опасни патни делници кои се толку страшни што поради нив никој не ги забележува импресивните пејзажни глетки кои се наоѓаат покрај нив. Brightside направи листа од 15-те најстрашни патишта на светот, а прашање е дали имате храброст да се возите по дел од нив.

Зоји Ла, Индија

Ладах и Кашмир ги поврзува пат долг околу 9 километри кој поголем дел од својата должина се протега во планински предели. Многу е стрмен и тесен, а за ситуацијата да биде уште пострашна, по патот истовремено се движат и возила и животни. Ако се земе во предвид и фактот дека Индија е позната по брзото и невнимателно возење, јасно е дека овој пат е вистински пекол за возачите и патниците.

Трансфагарсан, Романија

Патот се наоѓа во Карпатите, на 2.034 метри надморска висина. Воедно, тој е и најважниот пат во земјата, а освен за уживање, прекрасните глетки кои се редат крајпатно се и вистински проблем бидејќи поради нив возачите често забораваат да внимаваат на правецот на возење.

Автопатот Далтон, Алјаска

Најизолираниот пат на светот, долг 666 километри, а поврзува само три населени места. Воедно овој автопат е и најснежниот на светот.

Кардунг Ла, Индија

Највисокиот пат на светот, се протега на 5.602 метри надморска висина.

Патот Јунгас, Боливија

На овој пат годишно гинат од 200 до 300 луѓе, доста е стрмен, а под него се наоѓа 600 метри длабока провалија.

Атлантик Оушн, Норвешка

Овој пат ги поврзува малите крајбрежни села и е направен за турстички потреби, бидејќи глетките кои се редат крај вас додека се возите по него се навистина импресивни.

Тунелот Гуолианг, Кина

Овој тунел во планините првично бил изграден од локалните жители за да се поврзат со остатокот од државата. Подоцна владата им изградила тунел долг 1.200 метри за да им помогне во транспортот.

Ле Пасаж ду Гоа, Франција

Овој пат е прооден само неколку часа дневно, бидејќи остатокот од времето се наоѓа под вода. Долг е 4,5 километри и важно е добро да ја проверите сатницата на плимата и осеката, бидејќи во спротивно можете да потонете среде возење.

Планината Тианмен, Кина

Долг е 10 километри и има вкупно 99 кривини. Висинската разлика помеѓу почетната и крајната точка е околу 1.000 метри.

Хана, Хаваи

Овој пат се наоѓа на Мауи и ги поврзува Кахулу и Хану. Долг е 112 километри и поврзува 59 мостови, од кои дури 46 имаат само една лента за возење.

Колима, Русија

Луѓето го викаат „патот на смртта“. Првите 90 километри се направени до затвореници во 1932 година, а довршен е дури во 1953 година.

Кол де ла Боне, Франција

Се наоѓа на Алпите, на 2.000 метри надморска висина, а е полн со остри вртења и кривини.

Преминот Готар, Швајцарија

Еден од највисоките патишта на светот, полн со остри кривини и должина од 64 километри. Возењето пружа фантастични и бајковити глетки.

Патот за Казбеги, Грузија

Овој тесен и стрмен пат минува низ планини и нуди фантастични погледи на низината. И покрај тоа што може да биде доста опасен, многумина велат дека треба да се види и искуси барем еднаш во животот.

Мостот Ешима Охаши, Јапонија

Овој мост ги поврзува Сакаиминато и Матсуе, долг е 1,7 километри и широк 11,3 метри. Доста е висок и под него се гледа како пловат бродови. Оддалеку кога го гледате изгледа како непремостива делница.