Филм / ТВ

Возбудлив трејлер за Wonder Woman: Како да се запре Првата светска војна?


Wonder Woman е новиот очекуван филмски хит од американска продукција, базиран на истоимениот стрип од DC Comics, во режија на Пети Џенкинс, а по сценарио на Алан Хајнберг и Џеф Џонс.

Приказната која ја креираа Хајнберг и неговиот колега Зак Снајдер ја следи Дајана, принцезата Амазонка, која пораснала на изолиран остров каде е обучувана да стане неприкосновена воинка.

Откако на брегот од островот ќе се сруши авион кој го управува пилотот Стив Тревор, тие двајца одат во авантура која има за цел да ја запре Првата светска војна.

Улогите ги играат Гал Гадо, Крис Пајн, Кони Нилсен, Робин Рајт, Луси Дејвис, Елена Анаја, Дени Хјустон, Лиса Ловен Конгсли и Дејвид Тјулис. Премиерата е закажана за следното лето, 2017 година.

Коментари

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top