Вебкафе

Воспитувачка во градинка заради ОВИЕ ФОТОГРАФИИ ја избркаа од работа


Управата од една детска градинка се обиде да ја натера атрактивната Русинка која таму работеше како воспитувачка да ги тргне од Инстаграм своите провокативни фотографии казнувајќи ја на плата, но ниту тоа не помогна во нивната намера, па таа на крајот доби отказ од работа.

Викторија Демешкина до пред неколку дена работеше како воспитувачка во една детска градинка, но доби беше избркана од работното место поради тоа што „била премногу секси“.

Да, добро читате. Атрактивната воспитувачка на својот Инстаграм профил објавила, како што тврдат многу родители од децата кои одат во истата градинка, провокативни фотографии, што воопшто не им се допаднало на родителите чии деца ги чува таа, па тие се пожалиле до управата на градинката.

Управата се обидела да ја натера 26-годишната воспитувачка да ги отстрани фотките од нејзиниот профил, но таа одбила да го направи тоа, па најпосле била избркана од работа.

Многумина сметаат дека девојката е неправедно оштетена и избркана од работа, бидејќи станува збор за нејзиниот приватен живот и поради тоа што на никој начин не ги загрозува децата од градинката, па приказната заврши во тамошните медиуми. А да не правиме муабет што „спорните“ фотки воопшто не се вулгарни и провокативни.

Разгледајте ги и вие (сите овие погоре и подолу) и пресудете дали Викторија заслужи поради нив да остане без работа.

#красотка #воспитание #воспитатель #russia #россия

A post shared by Виктория Демешкина (@viktoriya_demeshkina) on

Casinobonus.mk ви ги нуди сите информации за играње на онлајн казино во Македонија.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top