Вооружен грабеж на кладилница: Ограбена Златна копачка во Скопје


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Обложувалницата Златна копачка во Скопје, била ограбена од вооружени и маскирани лица, кои носеле пиштол и автоматска пушка.

Во неделата, во Скопје на ул. Лазо Трповски поточно во спортска обложувалница Златна копачка, две непознати лица маскирани со шалови на главите, едниот вооружен со пиштол, а другиот со автоматска пушка, извршиле разбојништво, при што од вработените одзеле засега неутврдена сума на пари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.