Авто мото

Volvo започна со производство на XC40

Volvo

Volvo започна со производство на својот моментално најмал кросовер XC40. Производството на овој кросовер е почнато во Гент, Белгија. А првите примероци на компактниот кросовер XC40 треба да стигнат до потенцијалните купувачи во почетокот на годината.

Во шведската автомобилска компанија, која од 2010 година е под покритие на кинеската компанија Geely, веќе стигна до 13.000 нарачки. А паралелно ќе им ги испорачува автомобилите на европските купувачи, и ќе се пласира на пазарите во Северна Америка.


Проширените и модернизирани производствени простории во Гент, „појачани“ се со 363 нови роботи. Таму Volvo веќе ги произведува моделите V40, V40 Cross Country, S60 и V60. А новиот кросовер е заснован на новата платформа CMA која компанијата ќе ја користи од наредната година и на сериите 40.

Volvo XC40 се нуди во комбинација со дволитарски турбодизел мотор со 190 КС. Ако и бензински мотор кој располага со 247 КС, и има директно вбризгување на гориво. Преносот на силата ќе се одвива преку двете осовини и во двата случаи ќе биде со 8- степен автоматски менувач.

Основна цена на дизел моторите со „Momentum“ пакет на опрема во Германија изнесува 44.800 евра. А R-line моделот ќе се продава по цена од 46.750 евра.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top