Volvo им го кажа конечното збогум на моторите со внатрешно согорување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведскиот автомобилски гигант Volvo својата производствена дејност на автомобили целосно ја фокусира кон електрификација на своите возила, откако од компанијата најавија дека повеќе нема да развиваат мотори со внатрешно согорување.

Од Volvo порачувааат дека актуелната генерација на дизелаши и бензинци со турбополначи е воедно и последна, а таа би требало да биде застапена во Volvo автомобилите уште 6-7 години.

Швеѓаните, кои ги контролираат кинеските компании Geely, свесни се дека процесот на потполно преминување на строго електрични автомобили е процес што ќе потрае, но убедени се дека со електромоторите во хибридни и plug-in хибридни модели, се повеќе ќе се одзема важноста на моторите со внатрешно согорување.

Тоа не е единствена цел на Volvo. Швеѓаните планираат да се фокусираат на развојот на посилни електромотори со погон на задниот дел, за возењето во нивните модели да биде што позабавно.

Исто така, повеќе нема да има кабриолет и купе модели, а фокусот наместо на спортски возила ќе се стави на кросовери и SUV класа.