Воен пекол во Сирија: САД распали со 59 ракетни проектили врз сириската војска (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од американските разурнувачи во источниот Медитеран испалени се 59 ракети томахавк на позициите на сириската војска, објави Си Ен Ен.

Операцијата ја нареди претседателот Доналд Трамп како одговор за нападот на силите на Башар ал Асад во Идлиб.

Од витален интерес за САД е да се запре ширењето на смртоносното хемиско оружје, порача Трамп.

Ракетниот напад што го изведоа САД е „единствениот“ и се очекува така и да остане, изјави неименуван американски функционер за Ројтерс,  иако САД повикаа на поддршка од светот.

Сириската опсерваторија за човекови права од Лондон објави дека загинале 4 војници.

Рускиот претседател Владимир Путин во првата реакција на американскиот напад на Сирија, рече дека нападите ги смета за агресија на суверена земја, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Според негови зборови, Путин верува дека нападите се кршење на меѓународното право и дека нападите на Сирија се обид за одвраќање на вниманието од цивилните жртви во Ирак.

Кремљ оцени дека американските напади нанеле огромна штета на руско- американските односи.

Тој уште еднаш го повтори рускиот став дека во Сирија не е користено хемиско оружје.

Американскиот напад врз позиции на сириската војска е резултат на нападот во Идлиб, каде има сомение дека е користено хемиско оружје.

Наредбата Трамп ја издаде од Флорида, каде со него во тоа време биле и државниот секретар Рекс Тилерсон, и неговиот советник за безбедност Х.Р. Макмастер.

Како што пренесува Си Ен Ен, Трамп во текот на нападот бил на вечера со кинескиот претседател Си Џинпинг, додека секретарот за одбрана Џејмс Матиста го информирал за текот на операцијата во СИрија.

Во обраќањето пред новинарите Трамп рече дека наредил ракетни напади на сириската воздухопловна база бидејќи тоа е од витален интерес за националната безбедност  на САД и ги повика сите цивилизирани нации да се придружат на САД во обидите да се стави крај на колежот во Сирија и да се стави точка на тероризмот од секој вид.

Вечерва го наредив овој воен напад на позиции во Сирија од кои е извршен нападот со хемиско оружје. Нема спор околу тоа дали Сирија користела забрането оружје и ги прекршила обврските кои ги има според Конвенцијата за хемиско вооружување и ги игнорираше апелите на Советот за безбедност на ОН. Годините на обиди да се промени Асад поминаа, и тоа многу драматично, изјави Трамп.

Сириската армија соопшти дека во американските ракетни напади врз база на сириските Воено воздухопловни сили биле убиени шест луѓе и се нанесени огромни материјални штети.

Во соопштението не се прецизира дали жртвите се војници или цивили.

САД во 3 часот и 42 минути извршија флагрантна агресија врз една од нашите военовоздушни бази во централниот дел од Сирија. Во ракетниот напад загинаа шест луѓе, има ранети и голема материјална штета, се вели во соопштението од Армијата.

Тие тврдат дека американската агресија им штети на сириските воени операции против тероризмот.