Во Центар повторно се излеа Вардар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Скопскиот регион повторно се излеа реката Вардар.Излевање има по течението во центарот на Скопје, како и кај мостот кон Јурумлери во општина Аеродром и на местата викани Вител, Чука и Средоред во општина Зелениково.

Центарот за управување со кризи информира дека во останатите делови од државата на места поплавени се земјоделски површини, а во општина Маврово и Ростуше над селото Жировница делумно е почнато да се лизга земјиштето и постои опасност тоа да се зголеми.

Двојно е зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце, Зајчев Рид и Велес, а речеиси тројно на реката Треска кај Македонски Брод и на Сатеска кај Ботун, покажуваат најновите хидролошки мерења. Зголемување на нивоата во однос на мартовскиот просек има кај сите останати реки во државата, а најмалку кај Крива Река и Брегалница.