Вебкафе

Во Тајланд за една цигара се лежи во затвор


Поради зачестени поплаки и известувања за големите купови ѓубре и отпушоци од цигари на популарните плажи, тајландските власти одлучија да се борат против пушењето на нивниот познат тропски брег.

Забраната за пушење и фрлање ѓубре е воведена на 24 плажи ширум цела држава, објавија властите. Меѓу нив се наоѓаат и најпознатите туристички дестинации како јужниот остров Кох Тао и плажата Патонг во градот Пхукет и Хуе Хин на југозападот од државата.

Само на Патонг месечно се собираат 140.000 отпушоци кои претставуваат 30 насто од вкупното ѓубре на плажата, истакнува Јатупорн Буруспат, директор на тајландската организација за морски и крајбрежни стратегии.

„Секоја туристичка точка ќе добие одделни зони за пушачи, а оние кои нема да се придржуваат до новите мерки ќе се соочат со парична казна од 3.190 долари и максимална затворска казна од една година“, открива Јатупорн.

„Туристите не треба да се загрижени дека веднаш ќе бидат уапсени, бидејќи првите неколку пати ќе бидат само предупредени“, изјави Паират Чароенсири од канцеларијата за односи со јавност од организацијата.

Тајланд минатата година го посетија 35 милиони туристи, а таа бројка расте секоја година, поради што се јавува сè поголема загриженост во врска со влијанието врз средината и одржливоста на туризмот во оваа држава на југоистокот од Азија.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top