Актуелно

Во СТРАШНА СООБРАЌАЈКА кај Континентал: Загина Зоран Стефановски


Ноќеска во 1 часот по полноќ во Скопје, во страшна сообраќајна несреќа, животот го изгуби Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Сообраќајката според неофицијалните и првични информации од МВР се случила на булеварот Никола Карев кога возилото Рено Меган кое го возел Стефановски излетало од патот и удрило во рекламен билборд.
Стефановски бил пренесен во градската болница, каде лекарите констатирале смрт.

„Сообраќајна незгода со последица смрт се случила во еден часот по поплноќ, на булеварот „Никола Карев“ во близина на х. Континетал. З. С. (1963) управувајќи „Рено Меган“ излетал од патот и удрил во рекламен билборд по што бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била констатирана смрт. Полицијата веќе изврши увид на местото на настанот“, информира МВР.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top