Актуелно

Во сообраќајка згаснаа три млади животи – еве ги деталите за несреќата


Тројца млади жители на Богданци починаа, а еден е повреден во тешката сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14.30 часот на патот Гевгелија – Богданци.

Според МВР се судриле автомобили „ауди-3“ управуван од 20-годишниот Б.Џ. од Богданци и „форд фиеста“ управуван од 40-годишниот Љ.П. од Кавадарци. Животите во несреќата ги загубиле 20-годишниот М.Ш. и 17-годишната К.П.,и двајцата од Богданци. Тие биле сопатници во „Аудито“.

Двајцата возачи биле пренесени во Општата болница во Гевгелија, при што возачот на „аудито“, бил во кома и имал тешки повреди, a и покрај сите напори, после повеќе од еден час бил прогласен за мртов“, пренесува Република.

Порталот пишува дека според зборовите на дежурниот хирург во Општа болница – Гевгелија едно од лицата бил донесено некаде после 15 часот во коматозна состојба, со тешки повреди. Бил реанимиран повеќе од еден час, но напорите биле залудни и повредениот бил прогласен за мртов.

Вториот возач имал полесни повреди и бил упатен на здравствена нега во Здравствен дом – Кавадарци.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!