Во сообраќајка во Скопје повреден велосипедист кој е во критична состојба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера во 13 часот во Скопје на крстосницата од ул. 4 Јули и ул. Вера Циривири Трена се случила сообраќајна незгода во која патничко возило мерцедес, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Х. (27) од с.Сарај удрило во велосипедистот Ж.К.(72) од Скопје.

Велосипедистот Ж.К. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Клинички центар Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.