Во Словенија по закон нема да смее да се работи во недела и на празник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот закон за трговија во Словенија предвидува затворање на продавниците во недела и на празници, а би можел да стапи во сила во февруари в година.

Со помош на коалиционите партнери независниот пратеник Андреј Чуш собрал 25 потписи потребни за општа расправа во парламентот за измени во законот.

„Пред да стапи во сила законот мора да помине во парламентарниот Одбор за економија и измените на законот може да бидат усвоени на пленарна седница во декември“, оценил Чуш.

Тој вели дека најголемата коалициона партија во Словенија ги поддржува измените.