Во Русија на избори и мечките имаат право на глас (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мал и симпатичен „инцидент“ се случи на едно гласачко место во Русија, за време на претседателските избори кои се одржаа во неделата.

На гласањето на гласачко место во областа Бурјатија, се појави необичен гласач – облечен во костим на мечка.

Комисијата регуларно ја легитимираше „мечката“, ја најдоа на избирачкиот список, по што и дадоа лист и пенкалце за да го оствари своето право на глас.

Поради правото на „мечката“ на тајност при гласањето, не се соопштува за кого „таа“ гласала.