Во рушевините од Мосул фатена германската тинејџерка која беше дел од ИСИС (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Live Leak протече видео снимка која што ја прикажува преплашената германска тинејџерка, Линда Венцел, припадничка на ИСИС, во моментите кога била фатена од страна на ирачката армија, во рушевините на Мосул.

Линда, минатото лето побегнала од нејзиниот дом во Германија за да ѝ се приклучи на Исламската држава. Се верува дека 16-годишната Германка е задржана во Ирак поради дела поврзани со тероризам и во оваа земја би можела да биде осудена на смртна казна.

Ако биде осудена на смрт, таа ќе помине во затвор додека наполни 22 години. Доколку биде екстрадирана во Германија, таа ќе добие далеку поблага казна – само десет години затворска казна поради поддршка на терористичка организација.

Линда Венцел е една од 20-те поддржувачи на Исламската држава кои што беа уапсени откако ирачката армија ја превзеде контролата над градот после интензивните 10-месечни борби во кои што беа убиени најмалку 25 илјади џихадисти.

Девојката минатата седмица проговорила за прв пат после нејзиното бегство од Германија, велејќи дека сега сака само да се врати и да живее со своето семејство кое што живее во мал град на истокот на Германија.