Во пожар во Градежен факултет во Скопје изгореа три кабинети и покривот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Три кабинети и покривот од Градежно-архитектонскиот факултет во Скопје изгореа во пожарот што утринава избувна на  на булеварот Партизански.

Пожарот е целосно изгаснат и нема повредени лица. Причините за пожарот сè уште не се познати.

Во моментот кога избувна пожарот, на факултетот траела настава. Студентите, професорите и другиот персонал биле евакуирани на време.

Причинетата материјална штета допрва ќе се утврдува.