Во Косово не чекаат како „Дрим тим“, Давитков најавува: Ќе бидеме под притисок!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарската репрезентација в среда ќе го почне настапот во претквалификациите за Светското првенство во 2019 година. Противници на Македонија се Косово и Естонија, а првиот меч избраниците на селекторот Јорданчо Давитков ќе го одиграат на Косово.

„Свесни сме под каков притисок ќе бидеме. Ќе мора да се прилагодиме и на атмосферата и на судискиот критеруим. Косово не е репрезентација која поседува некој врвен квалитет, но исто така не е ниту селекција која треба да се потцени и се опасни на домашен терен. Најважно за нас е да ја повториме играта во одбраната од трите средби во Скопје. Мечот со Косово е прв, но според мене и најзначајниот, најважено на 16 август кога го играме последниот меч во Естонија да имаме пласман во квалификавциите“, изјави селекторот Давитков.

Во меѓувреме во Косово се подготвуваат за овој натпревар, Македонија се најавува како „Дрим-тим“, па се очекува салата Палата за млади и спорт во Приштина да биде преполна.