Во кичевско пронајдено мртво бебе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во домот на жител од кичевското село Кленоец пронајдено е мртво неговото едногодишно бебе, соопшти денеска полицијата.

Бебето било голо од половина нагоре со видливи повреди на долниот дел од грбот и со траги на крв од устата и ушите,информираат од полицијата.

Случајот вчера во 22:45 часот во полиција го пријавил доктор од Медицинскиот центар во Кичево. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција и првичните резултати укажуваат дека кај бебето, кое имало вродени срцеви аномалии, настанал застој на работата на срцето, што предизвикало белодробен едем и задушување.

На телото не се пронајдени знаци кои укажуваат на насилна смрт, велат од Основното јавно обвинителство.