Во Италија запленети над 900 илјади фалсификат банкноти од евра и уапсени 13 лица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Италија се конфискувани 939.775 фалисфикувани банкноти во апоени од 10, 20 и 50 евра и уапсени се 13 лица.

Откриени биле три печатници, од кои едната се наоѓала во Романија. Тие биле опремени со неопходни машини и материјали за печатење на банкнотите.

Осомничениете шефови на криминалната група, жители на Неапол, биле со долгогодишно искуство во фалсификувањето.

Според полицијата, тие ја организирале работата на печатниците и воспоставиле врски со Италијанци во Романија, за да отворат печатница и таму.