Во Франција украдени 70 килограми злато вредни 2,7 милиони евра (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Француската полиција трага по вооружени крадци кои се во бегство по кражбата на 70 килограми злато од безбедносно возило на автопатот Лион-Париз.

Како што пренесуваат француските медиуми, четиричлена банда во близина на Лион го пресретнала возилото кое превезувало злато во прав во вредност од 2,7 милиони евра. Ограбувачите двајцата чувари по грабежот ги оставиле заклучени во возилото, а сопствениот автомобил, кој им послужил за блокирање на ограбеното возило, го запалиле. Чуварите биле спасени од полицијата благодарение на информација од сведок, а огнот бил набрзо изгаснат.

Ова е веќе четврти грабеж на злато во последните неколку месеци за кој се сомнева дека го извршила професионална група крадци.

Во октомври крадци преправени во полицајци ја ограбија американската риалити ѕвезда Ким Кардашијан, на која и беше украдено злато во вредност од 6 милиони евра. Во ноември на југот на Париз маскиран маж ограби две жени од Катар на кои им беше одземен накит вреден 5 милиони евра, а истиот месец во Њујорк од камион беше украдена канта со злато во вредност од 1,6 милиони долари.