Во експлозија блиску до автобусот од клубот Борусија Дортмунд повреден еден играч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во експлозија близу автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд повреден е шпанскиот играч Марк Бартра, пренесуваат германските медиуми.

Според пишувањата на социјалните мрежи, експлозијата која го погодила тимскиот автобус на Борусија Дортмунд се случила на некои десет километри од стадионот Вестфален, и од скршеното стакло бил повреден еден играч на клубот, односно Шпанецот Марк Бартра.

Популарните Mилионери во вторникот вечерта требаше да го одиграат првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против францускиот клуб Монако, но сега натпреварот и официјално е откажан.