Во Белорусија плаќање со биткоини без данок, ние субвенционираме нафта за трактори


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Декретот кој го потпиша белорускиот претседател Александар Лукашенко, со кој се легализираат криптовалутите, во Белорусија ќе стапи на сила од март. Криптовалутите и тргувањето со нив не се забранети и ќе бидат ослободени од оданочување до 2023 година.

Декретот кој ги легализира криптовалутите, ICO (Initial Coin Offering) и smart-contract концептите во Белорусија ќе стапи на сила на 28 март. Под наслов „За развојот на дигиталната економија“ овој декрет беше потпишан од белорускиот претседател Александар Лукашенко на 21 декември, 2017 година, како што претходно извести Bitcoin.com.

HTP

„Декретот им дава право и слобода на правните ентитети и индивидуалните претприемачи кои се дел од High Technologies Park (HTP) во Белорусија да вршат операции и трансфери со токени (вклучително и криптовалути), објасни Ирина Челишава, партнер и адвокат во белоруската правна фирма „Власова Микел и партнери“. „Останатите жители на Белорусија ќе можат да користат криптовалути на целата површина од државата преку припадниците на HTP“, додава таа.

HTP е специјална економска зона со посебен даночен и правен систем во Белорусија, која е аналог на Силиконската долина во САД. Според нивната веб страна, 192 компании кои развиваат софтверски производи и услуги од областа на информатичката технологија за клиенти од 67 земји ширум цел свет се дел од овој парк. 35 насто од нив се компании со 100 насто странски капитал.

Паркот се опишува себеси како „главна експериментална зона за имплементација на пилот проекти“, вклучително и оние базирани на криптовалути.

Без рестрикции и без даноци

„Новите декрет ги легализира ICO’s, криптовалутите и смарт-контракт концептот“, велат од НТР. Нема да има никаква рестрикција и придржување до посебни услови за операции за создавате, имплементирање, складирање, отуѓување, размена на токени, како и активности базирани на крипто размени и крипто платформи“, објаснуваат од паркот.

„Активности како копање (mining), стекнување, отуѓување на токени, изнесување од индивидуалци, не се сметаат за деловни активности, а токените не се ентитети кои подлежат на декларација. Истовремено, до 2023 година, активностите поврзани со копање, создавање, стекнување и отуѓување на токени ќе бидат ослободени од даноци“, се додава во известувањето.