Внуката на заколнатиот непријател на Путин загина во сообраќајка


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дијана Лебедева, внука на заколнатиот политички и бизнис непријател на Путин, беше пронајдена мртва во автомобил на дното од езерото кај Лугано, Швајцарија.

28-11-lebedeva2

28-11-lebedeva3

Гламурозната наследничка која ја нарекуваа руската Лејди Ди, почина на 19-годишна возраст кога со автомобилот излетала од патот и завршила во езерото.

28-11-lebedeva10

Лебедева беше позната по динамичниот и гламурозен живот, како и доброто чувство за мода. Беше водечка членка на московската „златна младина“, како што ги нарекуваа наследниците на богаташите во Русија.

28-11-lebedeva4

28-11-lebedeva5

Нејзиниот дедо, банкарот Платон Лебедев, беше осуден на 11 години затвор поради неплаќање данок, перење пари и проневера, а многумина сметаа дека тоа беше политички мотивиран случај. Од затвор излезе во 2014 година.

28-11-lebedeva6

28-11-lebedeva7

Автомобилот BMW X6 го возел нејзиниот пријател Азер Јагубов (23), син на азербејџански бизнисмен. Лебедева и Јагубов во Швајцарија заедно учеа во исто школо, а според неофицијални наводи, автомобилот слетал во езерото додека се тркал со друго возило.

28-11-lebedeva9

28-11-lebedeva11

28-11-lebedeva12