ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатските листи за изборите – еве ги носителите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги достави листите со кандидати за пратеници.

Носител во првата изборна единица на коалицијата е Никола Поповски, во втората Никола Тодоров, а во третата Илија Димовски. Листата на коалицијата во четвртата изборна единица ја предводи Никола Груевски, Антонио Милошоски во петтата, Влатко Ѓорчев во ИЕ шест, а во седмата изборна единица Рамазан Ифтаровски.

На новинарско прашање во однос на позиционирањето на лидерот на ВМРО­ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Димовски рече дека граѓаните во таа изборна единица најдиректно ќе одлучат кој треба да ја раководи Република Македонија и кој треба да биде премиер на државата, дали господинот Груевски или господинот Заев.