ВМРО ДПМНЕ: Донесениот Закон за двојазичност е неуставен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од најголемата опозициска партија велат дека новиот Закон со кој Македонија станува двојазична држава е неуставен и е донесен со измама. Во продолжение го објавуваме нивното соопштение во целост:

Законот за двојазичност кој денес го изгласа парламентарното мнозинство е неуставен. Со овој чин власта покажа дека највисокиот правен акт, Уставот на државата за неа е само мртво слово на хартија.

Овој закон беше донесен со измама, односно лажно исцртување на европско знаменце, со што беа злоупотребени процедурите за донесување на закони од важност за интеграција на земјата во ЕУ. Власта треба да сноси одговорност за оваа манипулација со граѓаните.

Законот за двојазичност не придонесува за реално унапредување на правата на албанската заедница во Македонија, напротив ги продлабочува разликите и оди на штета на хомогеноста на македонското општество.

Двојазичноста ќе креира хаос во правниот промет. Истата ќе создаде неефикасни институции кои ќе потонат во преводот помеѓу јазиците, наместо да бидат од реална полза за граѓаните и да работат во извршување на работата за која постојат.

Законот ќе создаде паралелизам во сите институции како на централно ниво, така и на локално ниво. Два јазика – две архиви. Ова ќе предизвика дополнителни финансиски импликации за опрема, нови вработувања и нови простории, трошок кој ќе треба да се покрие од парите на македонските даночни обврзници.

Македонските државјани со албанско етничко потекло немаат потреба од закони кои не носат реален бенефит и подобрување на нивниот стандард. Граѓаните имаат потреба од реални мерки и проекти кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за живот.