Владини консултации и анализи за предлозите на Метју Нимиц за спорот со името


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На дневниот ред на денешната владина седница нема точка која се однесува на предлозите на Нимиц за решение за името, потврдуваат од Владата, а пренесува Макфакс.

Од таму објаснуваат дека Владата веќе работи на анaлиза и консулатации за прашањето.

„Владата на Република Македонија веќе работи на анализата и консултациите во однос на рамката доставена од медијаторот Метју Нимиц. Во наредниов период ќе вложиме напори за што е можно поинклузивен процес со вклученост на сите релевантни политички фактори во земјава, а се во насока на градење заеднички приод, став и стратегија“, велат од Владата за „Макфакс“.