Владата ќе доделува субвенции за PVC и алуминиумска дограма


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Министерството за економија од годинава воведува субвенционирање на домаќинствата за вградени PVC или алуминиумски прозорци. Оттаму објаснуваат дека за овие субвенции огласот ќе биде објавен до крајот на месецов, и ќе трае до крајот на август.

Ќе се надоместува дел од трошоците за купени и вградени PVC или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017-та година, и за таа намена се обезбедени дури 20 милиони денари, при што се надоместуваат до 50 насто од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство, информираше министерот за економија Дритон Кучи.

Од министерството објаснаа дека надоместокот на дел од средствата за купени и вградени PVC или алуминиумски прозорци ќе имаат право да го остварат лицата кои имаат купено и вградено PVC или алуминиумски прозорци во периодот од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот оглас.

Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот прв дојден прв услужен, се до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Македонија за оваа намена“, соопшти министерот Кучи.