Виц: Трпе и тештата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Влегува Трпе кај тештата и уште од врата вика:

Тури ми една ракија, бабо!

Ти нормален ли си, му вели мајката од неговата сопруга.

Ќе ти дадам 100 денари.

Оваа му тура и тој и дава стотка.

Тури уште една.

Ама ти претеруваш, зете!

Тури, ќе ти дадам 500 денари.

Бабата тура, Трпе плаќа.

Тури ај да испиеме по една заедно, ќе ти дадам 2.000 денари.

Се кандисала жената, тура и пијат по една, Трпе плаќа две илјадарки.

Бабо, а бива ли да ти удрам една чврга?

А бе ти да не не си нормален, зете? Што ти е?

Ајде бе, ќе ти дадам 3.000 денари за тоа.

Се кандисала оваа и Трпе мава и плаќа. Тогаш му ѕвони телефонот и на телефон сопругата:

Трпе, срце, и ја даде ли пензијата на мама?

Еве злато, баш сега и ја давам.