Виц: Студентките и виршлите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Две студентки (цимерки) за вечера решиле да пржат виршли. Едната студентка ги земала виршлите и почнала да им отсекува по едно парченце од краевите и да ги става во тавчето.

Другата зачудено ја прашала: Зошто им ги сечеш краевите?

Не знам, ама мајка ми секогаш така ги прави.

За викенд девојката си отишла дома и ја прашува мајка си: Мамо, зошто секогаш ги отсекуваш краевите кога правиш виршли?

Не знам, баба ти секогаш така ги прави.

Девојката се јавува кај баба за да ја праша.

Не знам точно, семејна традиција е. Мајка ми секогаш така ги правеше.

Девојката отишла да ја посети својата прабаба во дом и конечно да ја открие оваа кулинарска тајна.

Бабо, зошто на виршлите пред печење им се отсекуваат краевите?

Аман, уште ли немате купено поголема тава?