Виц: Полицаец и незгоден возач


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сообраќаен полицаец запира еден автомобил и му вели на возачот:

Поминавте на црвено.

Овој без збор вади 10 евра и му ги дава на цајканот. Цајканот продолжува:

И возевте малку пребрзо.

Возачот ги зема десетте евра и му подава 50 евра. Цајканот:

И изгледате како да сте пивнале малку повеќе.

Типот ја зема педесетката и му дава 100 евра. Цајканот не запира:

А автомобилов ми изгледа како да не е ваш, како да е украден.

Возачот ја зема стотката и од прозорецот се подава цевка од Магнум 44. Цајканот:

Да се вратиме на моментот дека сте пиеле?