Виц: Погрешна адреса


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Една компанија ја преместила својата канцеларија. По тој повод, пријатели на газдата одлучиле да му испратат букет цвеќе. Но, кога букет пристигнал, на картичката пишувало:
„Почивај во мир!“
Подоцна од цвеќарата го добил следново извинување:
„Почитуван Господине, ве молиме прифатете го нашето искрено извинување за настанатата грешка! Излезе дека вашиот букет по грешка бил испратен на еден погреб со картичка: Примете ги нашите честитки за вашата нова адреса!“