Виц: Пејо крадел на работа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пејо веќе година работел во градежна фабрика. Еден ден тој туркал празна количка покриена со весник. Чуварот го прашал:
Што носиш?
Пааа ништо, одговорил Пејо.
Крени го весникот!
И навистина количката била празна. Следниот ден тоа ce повторило, а потоа и потретило итн. Застанувајќи го по којзнае кој пат чуварот рекол:
Што носиш? Пак ли ништо? Крени го весникот!
И овој пат, кога видел дека количката е празна чуварот нервозно му рекол на Пејо:
Абе дека крадеш крадеш. Ама кажи ми што крадеш? Ајде вака да направиме: Нема да те пријавам ако ми кажеш што крадеш!
Абе ти ќор ли си? Колички!