Мајтап

Виц: Колеги од фирма


Трпе и Цветко биле колеги од иста фирма. Еднаш разговарале и Трпе рекол:

Потребен ми е одмор од работа.

Како мислиш тоа да го изведеш? – прашал Цветко.

Сега ќе видиш како – рекол Трпе.

Се качил на плакарот, ги заглавил нозете горе и се обесил со главата надолу. Влегол шефот и го прашал што прави.

Еве, јас сум сијалица – рекол Трпе.

Ајде, земи 3 дена одмор – му рекол шефот.

Трпе задоволно излегол, а по него тргнал и Цветко. Шефот прашал:

А каде одиш ти?

Е па шефе, сијалицата ја пуштивте, сега јас во мрак ли да работам?


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top