Виц: Грав на семафор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Комшивката отишла кај Трпана на кафе и ја затекнала како готви ручек на електричен шпорет со 3 рингли.

Ќе го подржи тенџерето неколку секунди на едната, па го преместува на втората, а по неколку секунди го преместува на третата. Потоа пак на првата и постојано така.

Трпано, што правиш? прашала комшивката.

Готвам грав.

А зошто само го преместуваш тенџерето од една на друга рингла, а не го оставиш да се вари само на една?

Мора така. Откако дојдоа од ЕВН и ни ја исклучија струјата, Трпе не приклучи на семафорот.