Виц: Дедото во топ форма на 80 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


80 годишен дедо оди на лекар на редовен преглед. Докторот го прегледува и, сиот зачуден, му вели:
Дедо, па ти си во тип-топ форма! Како успеваш на овие години да немаш ниту покачен притисок ниту ништо?
Па, се раздвижувам, одам редовно по риба.
Ааа остај ти одам по риба, ова мора да е наследно. Кажи ми, колку години имаше татко ти кога почина?
Татко ми е уште жив.
Уште жив? Па колку години има?
98, со него заедно одиме по риба.
Докторов зачуден, го прашува дедово:
A, добро, можеш ли да се сетиш дедо ти колку години истера?
Ах, и дедо ми е жив, има 115 години.
На докторов не му се верува.
Претпоставувам дека и тој оди по риба?
Ааа, не, деновиве седи дома и се спрема за својата свадба?
Свадба? Ќе се жени на 115 години?
Абе глеј не дека он сака, родителите го притискаат!