Мајтап

Виц: Блажо прави сообраќајка


Камион удара у на Блажо Варбургот, и на судот, адвокатот на возачот на камионот, го прашуе Блажо;
Точно ли е дека одма после сообраќајката, сте изјавиле дека ништо не ви фале.
Пааа, да ви објаснам ја, а товари ја мојта кобила у приколиц’та на Варбургот, и. . .
Адвокатот го прекинуе;
Тоа нас не не интересира, одговорите на прашањето, дали изјавите дека сте не повредени…
Абе ја бе тргнат на сточниот пазар, и . . .
Господине судија, ја сакам да се потврде фактот дека он и изјавил на полицијата, дека е неповреден, а сега после две недели он го туже мојот клиент, јас сум убеден дека е преварант.
Судијата му вика на адвокатот;
Е добро де, де нека а каже и он прикаската со кобилата.
Абе тргна ја со мојта кобила на сточниот пазар, каа на кривинката тиа камионот каа не подбра, мене ме отера у таа живата ограда, а кобилата од другата страна на патот.
Ја бе бааџи ударен и се ме болеше и не можеше да станам,
а а слушам кобилата како стенка.
Дојдоа и цајканте, и тиа едниот каа види ваа мојта кобила сета сокршена и крвава, и опна еден куршум меѓу очи да не се маче, после дојди до мене и ме праша:
Како се осеќаш, дали си повреден?
И шо требеше ја да му одговорам а!


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top