Виц: Блажо ја отепал Мара и оди на суд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Блажо а отепал Мара, и судијата го прашуе:

Оти бре Блаже а отепа?

Оти ногу е глупа и од контакт ме извади!

Тоа не е причина.

Вака, над нас има фамилија ногу се куси, и расправам на Мара и она вика:

Да, тоа се пиринеји.

Мислиш пигмеи.

Не, пигмеи е ноа шо ни се наоѓа под кожа.

Маре, тоа е пигмент.

Грешка си, пигмент е тоа на шо пишуеле старите Египќани.

Леле Маре мори, тоа е пергамент.

Врска немаш, пергамент е некој каа че прочита само еден дел од некое дело.

Ја се изнервира судија, си седна на троседот, и после 5 минути еваа се доклевка до мене со една книга, и почна да чита наглас.

Блаже гледај, сончева тераса од рачна торба била учителка на макрото 15.

Леле глупа жено воа е на француски, La Marquise de Pompadour est la Maitresse de Luuis XV, а тоа значи дека Маркиза де Помпадур му била љубљвница на Луј xv.

Грешка си де, ја џабе не оде на часеви на француски со мојот легионар.

Да не мислиш лектор.

Па си грешка, лектор е Грчки херој.

Тоа е Хектор и он бил Тројанец.

Не, хектор е мерка за површина.

Леле глуперда, мори тоа е хектар.

Ти си торко, хектар е пијалок на боговите.

Тоа е нектар глупачо.

Тоа река у Германија бре.

Реката се вика Некар.

Врска немаш ти, ја каа мала со другарката пееме дуо за реката Нектар.

Тоа се вика дует.

Дует е каа играат Тиквеш и Неготински Вардар.

И мене тоги ми пукна филмот судија, и го зе чеканот и а сотчи главата.

Слободен си, ја да бе че а опне со чеканот уште кај Хектор!