Вистината за Свети Никола: Како светецот стана христијански Дедо Мраз


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Свети Никола чудотворец се одбележува како празник во цел христијански свет. Од неговиот чичко тој слушал за верата, со него и се замонашил во манастирот Нови Сион. Откако родителите му починале, ги разделил сите пари и имот по сиромасите и станал свештеник во родниот град Патара, Ликија (Мала Азија).

Свети Никола чудотворец народот уште додека бил жив го прогласил за светец. Бил милосрден и сиромав, голем борец за правда и висинољубив човек. А го сметаат за заштитник на морињата и морнарите, па на сите христијански бродови се чувала и уште се чува икона од светецот.

Неговото име Никола, кое му го дале родителите Теофан и Нина, значи народен победник. Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде се залагал за воведувањето на светото тројство. Поради голема ревност го удрил александрискиот свештеник Ариј. По ова, тој бил оптужен за ерес, бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство на собирите. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на Бог на избраните архиери велејќи им дека сториле голема неправда.

Иконата на Свети Никола која во црквата во Бари (каде што биле пренесени неговите мошти) ја дарувал српскиот цар Стефан Урош III Дечански

Првите записи за епископот и добротворец со потекло од Мала Азија, Свети Никола, потекнуваат од четвртиот век од новата ера. Од ова свештено лице, познато по својата хуманост, настанале многу легенди и приказни за ликот кој денес го знаеме како Дедо Мраз.

Посебно бил наклонет кон децата, а забележано е дека им помогнал на три девојчиња за да ги заштити од проституција. Легендата вели дека три вечери со ред поминувал покрај нивната куќа и низ прозорот фрлал торбиња со пари, за да им подари доволно пари да преживеат без да се проституираат.

Крзнената наметка ја добил во втората половина од 19-ти век, кога неговиот лик почнал да се појавува во песните, а сега веќе традиционално прифатената црвена боја на неговата облека ја заменила првобитната жолта боја во 1868 година, кога Дедо Мраз ги добива својата кочија (санка) и ирвасите.

На почетокот на 20-ти век Дедо Мраз станува постојан посетител на книгите, списанијата и рекламите, полека добивајќи го изгледот кој денес го знаеме.