Вебкафе

Вистината за најпопуларната „меме фотка“ на светот: Како настана оригиналот


Ако на социјалните мрежи поминувате и само еден до два часа дневно (за жал, вистината е дека најголем број од корисниците „киснат“ многу повеќе), сигурно барем еднаш сте имале прилика да ја видите фотката која овие денови растури на интернет со нејзините милион „меме“ варијанти.

Главно, на фотката има еден дечко кој шета низ град со девојката, но во исто време „снима“ друга девојка, а неговата партнерка го фаќа на дело како ја „манијачи“ минувачката.

Станува збор за фотографија која можете да ја најдете на интернет под недоброј различни наслови, од „растроен дечко“ до „маж гледа друга жена“ и таа е една од купот „stock“ фотографии кои ги заинтригирале авторите на оригинални и креативни „мемиња“ кои овие денови ги преплавуваат социјалните мрежи.

И додека веројатно и вие се прашувате во што е фората и зошто токму оваа фотографија е толку популарна, бидете сигурни дека не сте изненадени ни половина од тоа што бил изненаден од нејзината популарност авторот кој ја направил фотографијата.

Како настана моментално најпопуларната фотографија на социјалните мрежи

Неговото име е Антонио Гиљемо, а овој 45-годишен маж од Барселона се специјализирал за снимање содржини за компаниите кои се занимаваат со stock фотографии. Повеќето време соработувал со исти три модели, иако во разговор со новинарите од Wired откри дека ја прекинал соработката со еден од моделите (не сакал да го открие името на личноста за да ја сочува нејзината или неговата приватност).

Кон средината на 2015 година, мотивиран од успешната продажба, Гиљемо сакал да ја збогати својата понуда.

„Одлучив малку да ризикувам, па решивме да направиме фотографирање кое на шеговит начин ќе се занимава со концептот на неверство во врските. Обично секогаш имаме навистина одлична работна атмосфера, но овој пат некој од нив едноставно ќе почнеше да се смее“, открива тој.

Како почнало сè

Иако за време на оваа фотосесија биле направени повеќе фотографии од кои многу се појавија на разни портали, „неверниот дечко кој шета со девојката и зачудено зјапа во друга заводлива девојка“ стана фотка која го „запали“ интернетот и беше основа на недоброј „мемиња“ кои се споделуваат на социјалните мрежи.

Првото „меме“ со оваа фотографија се појави кон крајот на јануари, на една турска Фејсбук група, инаку посветена на prog rock музика. Оттогаш не беше видена сè до овој месец, кога се појави на Твитер и направи невиден пробив на мрежата.

Што се однесува до Гиљемо, нему сопрво ова му е необично: „Никогаш не мислев дека некоја од моите фотографии може да стане толку популарна. Сè до неодамна не ни знаев што е тоа меме, но тогаш моделите кои ги фотографирам ми објаснија за што станува збор и што прават креативните луѓе со нашите фотографии“.

Популарност од која нема заработка

Што се однесува на заработката, популарноста на Твитер не значи многу во реалниот живот, ниту пак носи некоја голема заработка. „Нашите најуспешни фотографии се продаваат во пет или шест илјади примероци годишно, додека оваа фотогарфија е продадена само 700 пати“, вели фотографот. Неговата најуспешна фотографија (на која ја има една од девојките од фамозната фотка) е продадена во 13.000 примероци.

Овие резултати не се некое големо изненадување, бидејќи Twitter и Tumblr корисниците не ги купуваат фотографиите од Shutterstock, туку ги користат без дозвола. „Мемињата не ни донесоа економска придобивка, бидејќи фотката се користи без дозвола“, вели Гиљемо.

Сепак, нему тоа не му пречи и не се грижи за таквата ситуација, бидејќи е свесен дека повеќето „мемеџии“ тоа воопшто не го прават за материјална заработка, па не ни планира судски да ги гони. Од друга страна, планира да ги тужи оние кои фотографијата би ја користеле во ситуација која негативно ќе се одрази на него или неговите модели.

За сè е крива кризата

Гиљемо тврди дека е преокупиран со својата работа и нема време да следи што се случува на „меме“ сцената. Пред да се занимава со оваа работа, работел 3D дизајн за градежна компанија, но откако Шпанија беше погодена од економската криза, одлучил да се префрли на фотографирањето.

„Ништо не знаевме за оваа работа пред да се впуштиме во овој бизнис. Нема поим од фотографија“, вели Гиљемо, кој после три години работа почнал да продава и по 1.600 фотографии дневно. Според него, овие неколку недели виралната слава која го зафати не му претставува успех кој досега веќе го немал постигнато. Исто така, тврди дека не ни може да ги преземе заслугите за „мемефикацијата“ на неговиот труд.

„Што се однесува на виралниот успех, мислам дека фотографијата беше добра основа за било кој што дошол на идеја да ја претвори во метафора која помалку или повеќе функционира во секојдневниот контекст“, заклучува фотографот.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top