Славни

Вистината која ја крие славниот фудбалер: Зошто децата од Роналдо немаат мајка?


Без разлика дали го сметате Кристиано Роналдо за најдобар фудбалер во историјата или не , тој не е само спортска легенда, туку и глобален бренд.

Фудбалерот кој самиот себе се нарекува „CR7“ (по иницијалите и по бројот на дресот), од ден на ден го зголемува своето „богатство“ на Инстаграм каде што во овој момент го следат 106 милиони луѓе. Често пати преку своите фотографии на оваа социјална мрежа ја запознаваме комичната и нарцисоидната страна на фудбалската ѕвезда.

Сепак, помеѓу сликите на познатиот фудбалер со преубави девојки се појавуваат и слики со деца. Освен што неодамна стана татко на близнаци, тој пред шест години стана татко на Кристиано Жуниор.

Мистеријата Роналдо – Од каде му се децата?

Постојат безброј шпекулации зошто 32 годишниот Роналдо и понатаму е „ерген“, озборување за неговата наводна хомосексуална определба (и покрај тоа што е во друштво на повеќе гламурозни девојки),  како и тоа зошто фудбалерот го крие идентитетот на мајката на неговите близнаци.

Слична беше ситуацијата и со раѓањето на Кристиано Жуниор, а очигледно станува дека Роналдо е татко на неговата голема фамилија која функционира без мајка. Кога Роналдо е зафатен со обврските на тренинзите, натпреварите и рекламните кампањи за децата се грижи неговата мајка Долорес, но и сестрите Алма и Лилијана.

Вештачко оплодување и сурогата мајка рецепт за совршени деца?

Кристиано прво ја шокираша јавноста кога на 26 години објави дека станал татко, со само кратко објаснувајќи дека родителските права се префрлени врз него и дека мајката нема да има никаков конткат со детето.

Подоцна мајката на Роналдо откри дека сама по него отишла во приватна болница на Флорида, за потоа бебето да го доведе во Шпанија, но подоцна тоа се покажува како лага бидејќи во неговите документи пишува дека е роден во истата болница каде што неодамна се родија и близнаците.

Дали го родила сурогат мајка или Кристано Жуниот е резултат од афера за една ноќ се до денес останува непознато.

Роналдо не е никаков волшебник, туку маж со многу при кој е спремен да плати за да ја оствари својата цел. Поради тоа поголемиот дел од јавноста смета дека користи услуги од сурогат мајки, односно пронаоѓа жени кои се спремни да бидат вештачки оплодени, да го родат детето, а потоа да се откажат од него во замена за огромна сума на пари.

Овој пат, после раѓањето на близнаците, британските медиуми го истражуваа случајот и открија дека близнаците се зачнати во лабараторија во Лос Анџелес, а дел од документите и се достапни до јавноста. Во нив јасно се гледа дека станува збор за сурогат мајка, но името на мајката како што споменавме не се открива никаде.

Децата се родени во калифорниската Ла Меси во близина на Мексико, пред три недели. Ева на свет пристигнала во девет часот и седум минути, додека нејзниот брат една минута подоцна, барем така пишува во матичната книга на родените. Со тоа решен е барем еден дел од мистеријата. Јавноста шпекулираше и дека близнаците всушност и не се близниците, одосно дека не се родени од иста мајка, но во на листот од матичната книга на родените се потпишал дежурниот гинеколог Др. Марија Кастиљо.

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Зошто најпосакуваниот „ерген“ сето тоа го прави?

Познатата американска правничка која се занимава со сурогат родителства, Стефани Кабаљеро, смета дека Роналдо со сигурност е биолошки татко на децата. Покрај тоа се претпоставува дека сите негови деца доаѓаат од „серија ембрион“, односно во клиниката рутински оплодуваат неколку јајце клетки истовремено, ги замрзнуваат и ги чуваат со години, во случај клиентот да посака повеќе деца.

Кабаљеро открива како Роналдо успеал да добие три деца. Првиот чекор е да се избере една од многубројните агенции во Калифорнија, каде што сурогатството стана индустрија вредна милијарди долари, бидејќи законите во таа држава им се наклонети на потенцијалните родители. Па така родители можат да станат и самци, но и парови од било која сексуална ориентација и слично.

Во Португалија сурогат договорите се забранети со закон, посебно бидејќи Роналдо „самец“.

Роналдо не добива деца, туку креира?

„Ниту еден португалски суд не би признал никаков договор помеѓу Кристиано и алтернативните мајки, па таквиот договор би бил прогласен за неважечки“, истакнува Кабаљеро.

Додека во Калифорнија само се плаќа 150.000 евра за близнаците, од кои 40.000 одат кај мајката. Роналдо можеше да избира и донорка на јајце клетки (која обично добива околу 7.000 евра) од стотина жени на кои податоците за нивната биографија им биле наведени на интрнет страницата на агенцијата. Сосема очекувано Роналдо избрал слични спортски типови на жени кои се Латиноамериканки.

Со оглед на тоа дека децата наликуваат на Роналдо, очигледно е дека Роналдо е биолошкиот татко. Во Калифорнија втората жена се избира за да ја носи веќе оплодената јајце келтка (најчесто тоа е така за да не се создава емоционална поврзаност помеѓу неа и детето). Сето тоа се регулира со договор кој се потпишува пред бременоста, а според кој жената се откажува од своите мајчински права.

Тоа би можело да објасни зошто сестрата на Роналдо, Катја наводно забележала дека децата имаат две мајки, кои според неа се Мексиканки. После раѓањето, се средуваат документи и пасоши, па така близнавите успеале да стигнат во Шпанија во нивната трета недела, а повторно ги пренела мајката на фудбалерот, бидејќи Роналдо во тие моменти имаше обврски кон репрезентацијата.

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Мајките веројатни не ни знаат на кого родиле деца

Според строгите условите, дискрецијата и правото на приватност, жените кои ги донирале своите јајце клетки и оние кои ги носеле се до раѓањето, најчесто потоа не ни знаат каде децата завршуваат. Меѓутоа, зошто Роналдо едноставно немаше деца со своите девојки, пример Ирина Шајк со која беше во љубовна врска цели пет години?

Ако е вистина дека неговата сегашна девојка е трудна (на што се сомнева поради една фотографија), тогаш овие негови одлуки стануваат уште повеќе бизарни.

Локалниот свештеник Жоао Родригез од неговата земја се осуди отворено да го критикува Роналдо, говорејќи дека оди против Бог и дека на децата им го одзима правото на двајца родители.

Сето ова е поради проблематичното детство?

Некои пријатели и соседи од детството оваа одлука ја сметаат како последица од траумите кои ги доживувал фудбалерот во детството. Португалецот, израснал во сиромашно семејство, живеејќи во мала куќичка.

Неговиот татко станал тежок алкохоличар откако се вратил од војната во Африка, а неговата мајка не била финаниски моќна да издржува четири деца, па наводно испила напиток со кој Роналдо требало да биде абортиран.

Неговата мајка зборуваше и за грижата на совест која ја имала кога на само 12 години го испрати во Лисабон да игра фудбал.

Некои пак тврдат дека тоа што Роналдо сака да биде единствен родител е уште еден доказ за неговата нарцисоидност и дека сака единствено тој да биде одговорен за нивниот успех, други пак викаат дека никогаш не сакал да ги измачува своите девојки со бременоста, а трети пак дека навистина е хомосексуалец и дека тоа се обидува да го прикрие на сите можни начини.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!