Технологија

„ВИП“ со соопштение поради прекинот на мрежата!


Корисниците на телекомуникацискиот оператор „ВИП“ имаа прекин на мрежата и неможеја да остварат повик и да користат интернет.

Од „ВИП“ велат дека се соочуваат со проблем поради прекин на главните оптички врски.

„Поради прекин на главни оптички врски во моментов се соочуваме со глобален проблем кој се манифестира со остварување на повици кон мрежата на ‘ВИП’ и проблем со употреба на интернет сервисите. Нашите екипи веќе работат на отстранување на потешкотиите во најбрз можен рок. Ви благодариме на разбирањето“, велат од „ВИП“.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top