Винсен Касел ја покажа нова девојка: Дали е поубава од Моника Белучи?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот француски актер Винсен Касел кој долго време беше во брак со прекрасната Моника Белучи, се појави на забава по ревијата на модниот бренд Victoria’s Secret, а со него беше новата девојка, италијанската манекенка Тина Кунаки.

Младата убавица има 27 години, или во превод е дури 23 години помлада од Касел.

Нивната врска започна пред неколку месеци, но ова е нивно прво појавување во јавност, со што потврдија дека се заедно.

02-12cassel2
Касел пред четири месеци стави крај на бракот со актерката Моника Белучи. Тие беа во брак 18 години и имаат две ќерки Дева (11) и Леона (6).

„Долго бевме во брак, а имајќи ги предвид нашите деловни обврски и начин на живот, тоа е успех. Одсекогаш се сакавме и нашиот однос останува полн со почитување. Овој развод не е војна“, рекла Моника во едно интервју и додаде дека не се плаши од самотија.