Виновен за над 130 смртни случаи: Уапсен администраторот на морбидната игра „Синиот кит“ (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иља Сидоров, 26-годишен Русин, е уапсен под сомнение дека е мозокот на суицидната култна игра „Синиот кит”. Како што објави N1, тој е обвинет за поттикнување на деца да се самоповредуваат и потоа да се обидат да се самоубијат.

Изопачената игра, циркулира на социјалните мрежи. Играта се доведува во врска со повеќе од 130 смртни случаи, кај деца и тинејџери.

Децата кои се вклучени во играта добивале налози (дадени задачи) да се сечат, гледаат хорор филмови и да не спијат. Сите тие биле вклучени во рамките на играта, која се чини имала намера да им наштети на менталното здравје на децата. На педесеттиот ден, децата добивале инструкции да извршиат самоубиство.

Пред да биде уапсен, Сидоров во својата група вовлекол околу 30 деца од Москва.

Сидоров плачел додека бил испрашуван од полицијата во врска со смртта на девојчето кое тој го убедил да се фрли под воз. Рускиот министер за внатрешни работи го потврди неговото апсење и објасни дека тој бил уапсен во операцијата која била спроведена откако Сидоров убедил четиринаесет-годишно девојче да направи обид за самоубиство. Во неговиот стан се пронајдени пет мобилни телефони, таблети и неколку СИМ картички.

„Осомничениот објасни дека тој е администраторот на т.н. самоубиствена група која имала 32 членови, од кои сите биле малолетни. Тој им давал задачи, да си самонанесуваат повреди, а потоа ги потикнувал и охрабрувал на самоубиство”, рече министерот.