Филм / ТВ

Викандер во улогата на Лара – погледнете го првиот трејлер за новиот Tomb Raider


Петнаесет години откако Анџелина Џоли го сними последното продолжение од франшизата Tomb Raider, во нејзини чевли влезе шведската актерка Алисија Викандер. Премиерата на новото продолжение на Tomb Raider е закажана за 16 март, 2018 година, а ако судиме според првиот трејлер, Викандер одлично се снајде во улогата на Крофт.

Новата верзија на филмот е фокусирана на помладата верзија на главната хероина и ја пренесува приказната за 21-годишната Лара Крофт која одлучува да го напушти студентскиот живот во источен Лондон и да го истражува исчезнувањето на нејзиниот татко, кој последен пат бил виден пред седум години. Потрагата ја води до гроб на брегот од јапонскиот остров.

Режијата е потпишана од норвешкиот режисер Роар Утауг. Освен Викандер, во продолжението глумат Доминик Вест, Волтон Гогинс и Даниел Ву.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top