Спорт

Видете кој е прв фаворит во ЛШ според обложувалниците!


По првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите, европските обложувалници, имаат нов фаворит за освојување на титулата, а тоа е Баерн Минхен.

Убедливата победа на Баерн во првиот меч над Арсенал, како и дебаклот на Барселона во Париз од ПСЖ, според обложувалниците, ги стави Баварците во пол позиција за освојување на титулата.

Според најновите прогнози триумфот на Баерн во евентуалното финале во Кардиф има коефициент 3,25. Баерн е сигурен во четвртфиналето, таму веројатно ќе биде и бранителот на титулата Реал по победата над Наполи 3:1 во првиот меч. Реал е втор фаворит според обложувалниците со коефициент 5.

Следуваат ПСЖ, кој со импресивна игра ја декласира Барселона (4:0) и Јувентус, кој во средата, победи во Порто (2:0) со коефициент 7.

Зад оваа четворка е Атлетико Мадрид, екипа која играше во две од последните три финалиња во Лигата на шампионите.

Следуваат Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Севиља, додека коефициентот дека Барселона ќе ја освои титулата сега изнесува 40.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!