Видете кои клубови најмногу заработиле од продажба на играчи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Институтот за фудбалска историја и статистика објави некои изненадувачки резултати кога се во прашање приходите од продажба на играчи.

Тие внимателно пресметале кои клубови најмногу заработиле од продажба на играчи од 2010 година до денес, и има некои изненадувачки податци.

Ви ги претставуваме Топ 10 клубовите кои најмногу заработиле од продажба на играчи:

10. Челзи (360 милиони)
Покрај големите и скапи трансфери кои ги направија во последните години, „сините“ заработиле 360 евра од трансфери.

Најскапо продаден играч е Давид Луиз во ПСЖ за околку 55 милиони евра, кој денес повторно игра во Челзи. Потоа Рамиреш кој го продадоа во Кина за 30 милиони евра. Тука се уште Шурле и Лукаку кои беа продадени за повеќе од 30 милиони, па потоа Де Брујне (18), Петр Чех (12), Жирков (15), Салах (18)…

9. Реал Мадрид (370 милиони)
„Кралскиот“ клуб е познат по скапите купувања, но во изминатите години и скапо продаде некои фудбалери, пред се Ди Марија кој замина од „Бернабеу“ за 70 милиони евра. Потоа Озил кој беше продаден за 50 милиони, Игуаин 40 милиони, Хесе во ПСЖ за 25 милиони, Мората кој го продадоа за 20 па го вратија за 30 милиони или севкупно продале играчи во вредност од 370 милиони евра.

Потоа следуваат Рома (375 милиони), Тотенхем (376 милиони) на 6-то место е Атлетико Мадрид кој од продажби инкасирал 382 милиони евра. На петтото и четвртото место се португалските гиганти Порто (388 милиони) и Бенфика (421 милион)

3. Јувентус (422 милиони)
Јувентус е познат по тоа што евтино купува, а скапо продава па така тие ја имаат најскапата продажба во историјата на фудбалот, Погба во Јунајтед за 110 милиони евра. Потоа за Заза и Огбона од Вест Хем добија 40 милиони, Видал во Баерн за 40 милиони, на Мората ќарија 10 милиони итн. „Старата дама“ вкупно од продажби инкасирала 422 милиони, па така успеа да ги амортизира големите промашувања како Филипе Мело, Красиќ, Диего и Мартинез.

2. Валенсија (432 милиони)
Валенсија во само две години продаде двајца дефанзивци по 40 милиони евра, Отаменди во Сити и Мустафи во Арсенал. Најголем муштерија на „лилјаците“ е Барселона која оваа сезона ги купи Пако Алкасер и Андре Гомеш, а во минатото Давид Виља, Матије и Жорти Алба. Потоа тука се продажбите на Давид Силва 40 милиони, Мата 30 милиони, Солдадо 30 милиони итн.

1 Ливерпул (460 милиони)
Можеби е изненадување, но „црвените“ не само што имаа скапи промашувања тие заработија многу од продажба на своите фудбалери. Пред се тука се Луис Суарез од кога инкасираа 80 милиони, потоа Стерлинг 70 милиони милиони и Фернандо Торес 60 милиони евра.
Проблем за Ливерпул е што тие пари не ги трошеше правилно па направи големи трансфер промашувања како Енди Керол, Аквилани, Бентеке.. и кога се ќе се собере и одземе „црвените“ во овој период се во минус на трансфери околу 200 милиони евра.