ВИДЕО: Запознајте го ѕверот кој ќе го замени легендарниот Хамер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


При целосно оптоварување тежи десет тони, а при возење е незапирлив.

Хамер е на крајот на својот животен циклус, а ќе го замени нов ѕвер кој со своите можности носи драстичен напредок. Името му е ЈЛТВ или Joint Light Tactical Vehicle, а е дело на Oskosh Defense. Притоа ова Лајт земете го со резерва, бидејќи ова возило е се, само не е лајт. Инаку, Oskosh Defense го креираше и M-ATV, монструм специјално развиен за американските акции во Авганистан, и моментално претставува најмоќното возило што го има американската војска.

Роман Мика е еден од само неколкуте цивили кои имале прилика поблиску да се запознаат со овој новитет. Откако на тест полигон прво прокрстари во воен Хамер и М-АТВ, потоа на ред дојде ЈЛТВ кој имаше шанса и сам да го повози. За жал, бидејќи се работи за воен новитет, не е дозволен поглед во кабината, но судејќи по импресиите на Роман, сигурно не разочарува.

Освен што го помина Хамер во секој поглед, ЈЛТВ ги исправува и најголемите мани на својот претходник М-АТВ. Имено, посебно внимание е посветено на сигурносниот аспект, па така новото возило пружа далеку подобра заштита на патниците.

Инаку, ЈЛТВ го придвижува добро модифициран Џенерал Моторс турбодизел 6.6.V8 мотор. Иако го има и во верзии до 437КС, заради долговечност воената верзија е пригушена на 345КС.

Оскош Дифенс има моментална нарачка за 5.000 примероци. Ако американските власти се решат да преминат на ЈЛТВ, тоа значи дека следната година нарачката ќе порасне на 17.000 примероци. Севкупните американски потреби, според информациите се минимално 55.000 возила. Позната е и цената, која се движи од почетните 250.000 долари, па нагоре.